текст и фото - Оливер Арсовски
Во блиска иднина за приказната за Кратово и неговите туристички потенцијали ќе слушнат и во Швајцарија. Минатите три дена градот го посетија швајцарските новинари Флавио Стропини и Моника де Бенедиктис, во рамки на нивната балканска турнеја во која досега направија репортажи за Мостар, Јајце, Никшиќ, Приштина... Младите новинари беа изненадени од убавините на нашиот град, направија видео-стории за Камените кукли, а шлаг на денот беше музичкиот перформанс на гајдаџијата Љубе, кој и покрај своите 75 години, со својата музика ги плени срцата на гостите од Алпите. За нивниот престој во Кратово да биде пријатен се погрижи домаќинот Стевче Доневски, кој им го покажа својот вински подрум и мини-музеј во Шанчева куќа. Задоволните гости со силни импресии и многу снимен материјал, заминаа за Преспа каде ја завршуваат својата балканска тура.
Репортажата за Кратово наскоро ќе може да се види на веб-страната на националното швајцарско радио, а истата ќе биде прикажана и во театар во Лугано.
П.С. Гајдата има прекрасен звук, ама изгледа малите дечиња не можат да ја поднесат...
&;feature=g-upl