gogo

A+ R A-


СОУ „Митко Пенџуклиски“ воведе нова туристичко-угостителска струка, профил за рурален туризам -ВИДЕО

За десеттина дена почнува запишувањето во прва година во средните училишта. Додека училиштата во поголемите градови се на „слатки маки“, училиштата во помалите градови секојдневно на терен се во трка за осмоодделенец повеќе. Едно од нив е и кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Во него настава следат околу 300 ученици. За споредба, пред 7-8 години во него учеа над 500 ученици.

-Општина Кратово се соочува со проблемот на наталитетот, со бројот на запишани ученици во основното образование, а тоа се рефлектира подоцна и во средното училиште. Последниве години бележиме голем пад на запишани ученици во нашето училиште – вели директорот Тони Јанев.

Годинава кратовското училиште распиша 170 слободни места. Планирани се три гимназиски паралелки и една во хемиско-технолошката струка. Годинава новитет е хотелско-угостителската струка, која треба да оспособи техничари за рурален туризам.

-Знаеме дека заложбите на Владата, но и на Локалната самоуправа се кон развој на туризмот, а нашата општина има таков потенцијал. Во нашиот регион, овој профил со четиригодишно траење го нема во другите општини и мислам дека ќе биде многу интересна и атрактивна – истакна Јанев.

Намерата на кратовското училиште е да привлече што поголем број осмоодделенци од соседните општини, каде не се изучува овој образовен профил.

Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.