Еминентни светски професори во посета на Кратово
пишува - Оливер Арсовски
Група од 25 професори по астрофизика, музикологија, археологија од престижни универзитети во САД, Англија и Шпанија, денеска остварија еднодневна посета на нашиот град. Во улогата на домаќин во најдобро светло се покажа ентузијастот Стевче Донев од Општинскиот центар за карпеста уметност, кој им ги покажа туристичките потенцијали на градот Кратово. Покрај посетата на мостовите, кулите, старите борови, црквата св.Јован, најголем интерес привлекол новоотворениот „Вински подрум“ лоциран во Шанчева куќа, во близина на Срезска кула. Гостите биле воодушевени од старите експонати кои домаќинот им ги покажал, како и од волшебниот вкус на старата кратовска ракија и вино. Целта на 15-дневната тура на гостите е посета и запознавање со културното наследство на античка Македонија.