ФОТО-РЕПОРТАЖА ОД КУКЛИЦА
Куклица е фасцинантен локалитет кој се наоѓа на 8 километри северозападно од Кратово, веднаш до истоименото село. Но, и покрај рекламите со кои се промовираше, стигнувањето дотаму не е толку едноставно колку што звучи.
За да стигнете до Куклица во еден здив, треба да сте вонземјанин со летечка чинија, во спротивно ќе наидете на многу проблеми. Првиот проблем е фактот што патот до таму не е обележан со големи и видливи табли, иако тоа е место е најпознатото нешто во целиот крај. Единствената табла што стои на патот за Кратово на себе има стрелка која покажува кон реката, а не кон некој пат. Доколку одите со велосиед тоа можеби и нема да биде проблем, затоа што ќе можете да ги прашате апсолутно сите луѓе што ќе ги сретнете попатно, така лека-полека доаѓајќи до селото Куклица, каде што на една минијатурна табла се посочува споредниот пат до локалитетот. Доколку доаѓате од правец на Кратово, треба особено да внимавате на левата страна од патот, затоа што знакот се гледа само од спротивната страна.Некаде на 2,5 км пред локалитетот ќе ве пречека едно непријатно изненадување. Според кажувањата на локалното население, мостот паднал по интензивните врнежи пред неколку месеци. За сега, никој не се потрудил да го санира. Па, тука ќе се соочите со избор. Доколку сте со автомобил ќе мора да го оставите пред мостот и да продолжите пеш, а ако сте со велосипед, ќе мора да се префрлите со него на рамо, чекорејќи по тесниот столб кој доаѓа блиску до мостот. Пречекорување на реката не се препорачува поради нивото на загаденоста.
Но, покрај сѐ, штом ќе се препуштите на амбиентот, не можете да не останете фасцинирани од локалитетот. Локалното население ги нарекува куклите „Веселба свадба“, а централните се нарекуваат „Невеста и младоженец“.
Невестата е највисоката кукла која доминира со целата композиција.
На малото ритче од десната страна има група кукли кои изгледаат како публика на спортски натрпевар или совет на мудреци.
Една од осамените кукли од периферијата.
Куклите скриени во околното зеленило.
Невестата, од друг агол.
Од другата страна на ридот има уште кукли. Истите се помали и нивното откопување не е довршено.
Поглед од високо.
Централните и најграндиозни камени кукли погледнати од највисоката набљудувачница на врвот од ридот.
Ридот кој чека да биде дооткопан.
Невестата, зетот и сите нивни свадбари кои ги набљудуваат од позадина.
Нормално, знаците (кои наместо да стојат, лежат) звучат како наслови на лоши карате филмови.