Кратово викендов пречека голем број туристи од земјава и странство, кои одлучија Велигденските празници да ги минат во малиот живописен град на Истокот. Дел од нив пречека Стевче Доневски, кој им ги покажа убавините на Кратово, а им ја раскажа велигденската традиција во Кратово.
-Имав гости од Израел, Шпанија, Кина, САД и секако од Македонија. Сите пречекани на традиционален начин, со ржано лепче, кцана сол и црвено велигденско јајце, кое го обезбеди фирмата „Принц ком“ од Кратово. Сите беа задовлни од она што го видоа и ветија дека повторно ќе се вратат во Кратово - вели Доневски.


















