gogo

A+ R A-


Во Кратово ќе се градат хотелски комплекси

Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување две парцели градежно неизградено земјиште во Кратово, сопственост на Република Македонија.

http://www.dalekoodposla.com/uploads/images/akvapolis_Segedin2.jpg

- Една градежна парцела предвидена со ДУП за дел од Урбана единица 1 Блок 2 со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Д1 со големина од 1.657 метри квадратни со почетна цена од 532 денари од метар квадратен. Другата градежна парцела предвидена со УП за селото Вакуф, У.Б. 2.1, со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Б4, Б6, В2, В3, Д3 со големина од 2.4314 метри квадратни со почетната цена 148 денари од метар квадратен, соопшти Министерството за транспорт.

Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели можат да се достават до 8 април, на www.gradezno-zemjiste.mk.

Право на учество во јавното наддавање имаат физички лица и правни лица, државјани на Република Македонија и на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.