Во рамките на проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“ кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, од средства обезбедени од Фармахем ДООЕЛ Скопје и од Општина Кратово во висина од 954.204,оо денари, деновиве заврши изградбата на објектот насловен како: „Инфо точка за запознавање на природата во село Каврак“.
На самиот објект извршени беа повеќе работи како: изработка на плафонска конструкција (изработка на нов плафон), изолација на постоечки плафон, обработка на подови во просториите со патос, кровопокривачки работи, поставување на нова столарија, глетување и фарбање на плафон и ѕидови, фасадерски работи - изработка на енергетски ефикасна фасада со стиропор, полско ВЦ и др.