Пишува- Убавка Јаневска
Рецензираме вест со наслов „Фијаското и дебаклот на Филипче и неговата комисија нема крај, денеска 8 починати, нови 163 заразени“, што во исто време наликува и на коментар, објавена на порталот Република на 8 јули, годинава Â со наслов„ Фијаското и дебаклот на Филипче и неговата комисија нема крај, денеска 8 починати, нови 163 заразени“.
Тенденциозниот наслов има за цел да го дискредитира лично Â Министерот за здравство, СДСМ како партија, и Комисијата за заразни болести преку коментар на непотпишан автор. Се користат само предвидувањата за достигнување на пикот на епидемијата со Ковид-19 од почетокот на месец мај.
Во текстот со измешани вест и коментар, се пренесуваат и во исто време се коментираат само статистичките податоци од дневното соопштение на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје, за новозаболени и починати пациенти од коронавирус во државата од 8 јули годинава, но не и податокот на оздравени што е за 67 граѓани повисок од новозаболени.
Текстот е напишан за да ја дезинформира јавноста, бидејќи не содржи втора страна или конкретно официјално објавените статистичките податоците во последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид -19 и не ги зема во предвид изјавите на шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила дадени за МРТВ и за Националната информативна агенција МИА.
Во последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, кој содржи конкретни податоци за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година, констатирано е намалување на бројот на новозаболени и починати, како и зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела:
Направени вкупно 8.422 тестирања и регистрирани Â 917 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели бројот на новозаболени на неделно ниво бележи пад, како и процентот на позитивни случаи од тестирани. Во периодот од 29 јуни до 5 јули овој процент изнесува 10.9%, пишува во последниот извештај на ИЈЗ.
Неименуваниот автор, исто така, не ги пренесува констатациите на шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Џихан Тавила, во Â кои таа освен што нагласува дека пристапот над коронавирусот не е во контролата, зашто вирусот се пренесува од човек на човек и таму каде што има движење на популација е многу тешко да се контролира исто така потврдува дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на бројките и статистиката за COVID-19:
Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот, навистина не е точна изјава. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките. Тоа придонесува во регистрирањето и пријавувањето на секој смртен случај заради COVID-19. Јас знам дека Северна Македонија прави и пост-мортем тест за луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно, рече Тавила.
Авторот, новинарот, треба да ги почитува законите во државата и нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес додека начинот на информирање во повеќе случаи, а меѓу нив и болести, мора да биде ослободен од сензационализми, пишува, во член 5 и член 8 на Кодексот на новинарите.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар