gogo

A+ R A-


11 делови на телото што еволуцијата заборавила да ги избрише

alt
Телото на човекот е моќна машинерија. Додека го читате ова, на пример, се илјадници процеси се случуваат во него и го одржуваат организмот жив и здрав, пишува Нова Македонија. Но некои делови што им биле потребни на нашите предци, еволуцијата заборавила да ги избрише. Повеќе не служат за ништо, но сѐ уште се тука (а некогаш предизвикуваат и проблеми).

1. Умници

Овие заби вообичаено изникнуваат на возраст меѓу 17 и 25 години, но многу луѓе имаат потреба да ги извадат. Причината е тоа што нема место на вилицата за осмиот заб во низата. Се претпоставува дека предците ги користеле умниците за да кршат одредена храна со лушпа.

2. Надворешните ушни мускули

Кај кучињата и зајаците се чини логично присуството на ушни мускули, зашто тие можат да ги движат своите уши. Луѓето немаат таква способност, а и не им е потребно.

3. Крајници

Крајниците се дел од лимфниот систем, кој игра улога во имуниот систем на организмот. Голем е бројот на луѓето што ги отстрануваат затоа што се склони кон инфекции. Потоа живеат без да забележат дека нешто им недостига.

4. Слепо црево

Слепото црево е еден од органите што, исто така, често се отстрануваат. Тоа е прикачено на дебелото црево, но неговата функција се изгубила низ еволуцијата. Некои научници велат дека е сосема бескорисно. Друга теорија вели дека во него живеат добри бактерии, кои му помагаат на организмот да се обнови по дијареја.

5. Дарвинов брег

Тоа мало задебелување на кожата, кое се формира на увото кај 10 отсто од луѓето. Не е сигурно од каде потекнува, но некои истражувања велат дека можеби некогаш му овозможувало на увото да се врти или да се свиткува надолу.

6. Машки брадавици

Јасно е зошто жените имаат брадавици на градите, но мажите не ги користат за хранење бебиња. Причината што ги имаат е што секој фетус почнува од ист „темплејт“, а потоа се развиваат половите карактеристики.

7. Плика семилунарис

Станува збор за розовиот дел во внатрешните агли на очите. Плика семилунарис не влијае никако врз човековиот вид, но може да помогне во излачувањето на солзите.

8. Опашната коска

Тоа, всушност, е крајот на 'рбетот. Една теорија вели дека за нашите предци опашната коска играла улога во одржување рамнотежа, бидејќи е можно да имале некаква форма на опашка.

9. Синуси

Постојат многу несогласувања околу тоа зошто уште имаме синуси, бидејќи денес единствено „служат“ за да се полнат со слуз, да предизвикуваат главоболки и да се воспалуваат.

10. Телесни влакна

На нашите предци им биле потребни за да ги зашттитуваат и да ги топлат. Денес, пак, современите луѓе, трошат многу време и пари за да се ослободат од нив.

11. Жолчно ќесе

Жолчното ќесе се наоѓа под црниот дроб и може да предизвика многу проблеми, а не прави многу корисни работи. Луѓето живеат без проблем и без жолчката. Склона е кон канцер, воспалување и кон камчиња.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.