gogo

A+ R A-


16 песни од кратовско испеани од Нино, Благица, Круме, Благоја...

altНосач на звук со 16 композиции, повеќето стари песни преработени во нови аранжмани, утре во 19 часот ќе биде промовиран на плоштадот во Старо Нагоричане. Зад овој музички проект стои здружението „Етно ризница“, како носител на проектот Трилогија од изворни народни мелодии од североисточниот регион, претежно од криворечието и кратовско. Песните ги изведуваат Благоја Груевски, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, Нино Величковски, Душко Георгиевски, Влатко Алексовски, Васил Валканов од Бугарија и други.

- Се работи за големо културно богатство кое за прв пат ќе ја види светлината на денот. Од шеснаесет композиции, дури дванаесет за прв пат се издаваат. Аранжманите се извонредно направени, самата музика ја креираат наши исклучително професионални музичари како што е Бајса Арифовска, Гоце Димовски и Цане Петров. Целта ни беше да се постигне вистинскиот спој на старото и традиционално и да се зачува исконскиот квалитет на народната музика во борба против напливот на шунд. Ги покануваме сите љубители на нашето непресушно културно историско наследство, да дојдат во Старо Нагоричане и да уживаат - изјави Драган Митевски од здружението „Етно ризница“.

Од здружението истакнаа дека нивната цел е да се зачува историското културно наследство од североисточниот регион. Другите региони ги обработуваат нивните стари песни, додека североисточниот регион заостанува во
промоцијата на своето богато културно историско наследство. Вакви промоции е планирано да се одржат во повеќето општини во североисточниот регион.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.