gogo

A+ R A-


18 златни правила за среќен живот

alt

Еве ги 18-те златни правила за среќен живот:
1. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси нужно во себе го вклучуваат и големиот ризик.
2. Во животот не секогаш можете да победувате, но многу е важно при поразот да ја научите лекцијата.
3. Следете го правилото "3 П" : Почитувајте се себе си; почитувајте ги другите; превземајте одговорност за своите дела.
4. Понекогаш најдобрата работа која што можела да Ви се случи е таа да не успеете да го добиете она што сте го сакале.
5. Добро научете ги правилата за да знаете и добро да ги прекршите.
6. Не дозволувајте малите несогласувања да му наштетат на големото пријателство.
7. Кога ќе сфатите дека сте згрешиле, веднаш направете се' за да ја поправите грешката.
8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.
9. Не плашете се да пробате нешто ново, но не заборавајте го составот на сопствената вредност.
10.Тишината понекогаш е најгласниот одговор.
11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин кога ќе остарите и кога ќе започнете да размислувате за својот живот, ќе можете да уживате во него и по втор пат.
12. Атмосферата преполна со љубов во Вашиот дом е темел на Вашиот сопствен живот.
13. Кога ќе дојде до несогласувања со саканата личност, интересирајте се исклучително за сегашната ситуација. Никогаш не го повикувајте минатото.
14. Учете и споделувајте го своето знаење со другите. Тоа е единствениот начин за да станете навистина бесмртни.
15. Чувајте ја Мајката природа.
16. Отидете еднаш годишно на место на кое никогаш претходно не сте биле.
17. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која Вашата љубов еден кон друг е посилна од потребата од еден за друг.
18. Проценете го Вашиот успех спрема она од што сте морале да се откажете за да го постигнете.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.