gogo

A+ R A-


51 година постоење

Прославен патронатот на СОУ „Митко Пенџуклиски“

51 година од постоењето на средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ се одбележаа вчера и денеска во кратовската гимназија. Пред повеќе од 200 гости се одржа богата културно-уметничка програма, а вториот ден го одбележаа повеќе спортски настани. Веќе традиционално се доделија и награди, за ликовна творба ја доби Михајловска Дијана, а за поетска творба Валерија Анастасова. Беше прогласен и најдобриот клас III 3 со просек 4.06 под раководство на проф. Далибор Трајчев.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.