Кловнови ги забавуваа кратовските деца
Младинскиот центар "Нова Генерација"– Кратово во соработка со тим од Eвангелската црква од Полска деновиве ќе реализира еднонеделна програма со различни активности. Вчера на плоштадот во Кратово имаше детска забава со кловнови кои ги анимираа децата со игри со балони, им ги цртаа лицата и пееја детски песнички.
Во вторник ќе има спортски активности на игралиштето на гимназија, а предвидено е и еколошка акција и чистење на градското јадро. Предвидени се и повеќе активности во младинскиот центар во кои младите ќе ја развиваат својата креативност.