gogo

A+ R A-


Александар Стевановски по дуетот со кратовчанката Зорица најави нов сингл со видео запис

altАлександар Стевановски веќе три години е дел од естрадата со запишани свои новокомпонирани песни во ЗАМП на кои е изведувач и текстописец, додека аранжманот и музиката ги компонираше веќе признатиот кривопаланчанец Сашо Митковски. Неодамна дојде до интересна соработка помеѓу Александар и естрадната ѕвезда во подем Зорица Ѓеорѓиевска, по предлог на Александар и по претходно напишана композиција се снимаше дуетот „Дај, дај“ кој за Зорица беше отскочна даска на естрадно поле. Песната е нејзино првенче кое на иницијатива на Александар беше испромовирана на сателитската и национална телевизија „Наша тв“, и беше одлично прифатена од публиката. Александар во блиска иднина планира да сними видео запис за неговата најнова песна која е насловена како „Солзи нека течат“, интересно е тоа што до сега музиката на неговите песни беше композиција на Сашо Митковски, овој пат Александар се пронаоѓа како комплетен автор, односно кант - автор на песната, музиката и текстот ги напиша лично тој. Спотот за песната најверојатно ќе се снима на некоја од локациите во Охрид, и во него ќе биде ангажирана манекенка, односно хостеса, но за откривањето за крајниот продукт ќе се дознае наскоро. Песната е балада која е напишана по вистинита приказна и лично Александар смета дека ќе допре до искрените срца на публиката, и еден ден песната ќе се закити со епитетот негова „лична карта“, песна која долго ќе се памети. Александар има своја група со која настапува altсекаде низ Македонија, и во глобала е задоволен од работата и ангажманот. На прашањето кај се гледа во блиска иднина, тој ни откри дека наскоро ќе искористи една интересна понуда и ќе замине на турнеа во далечната Швајцарија. Турнеата ќе трае еден месец, организаторот и менаџерот на турнеата е од Турција. Ние му посакуваме успешна турнеа, како и задоволителни резултати од снимањето на спотот, и успешна кариера.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.