gogo

A+ R A-


Боби Мојсовски на пат за Кратово, доаѓаат и момците од „9 Контрол“

alt

Уште само неколку часа до почетокот на Златни Денови Кратово. Се е подготвено за овогодинешното издание на оваа манифестација која викендов ќе ги собере најдобрите музичари од Балканов и Македонија на едно место. Некои од ѕвездите на Икс-фактор, како Боби Мојсовски, се тргнати на пат, а покрај најавените Боби и Давид Темелков, потврдено е дека ќе настапат и 9Контролс и ИВА.

Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе по хотелите и апартманите. Очигледно, овој викенд сите правци водат во градот на мостовите и кулите. Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто овие денови треба да се биде во Кратово. 

За сите оние што вечерва нема да бидат во можност да бидат на Плоштадот „Павел Шатев“ во Кратово, директен пренос ќе врши националниот телевизиски канал Сител.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.