gogo

A+ R A-


Бојан Костадинов нов Василичарски кум во кратовската гимназија

Веќе девета година се делеше лепче со паричка за Стара Нова година во кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Овој пат му се посреќи на Бојан Костадинов, професор по ликовни уметности во училиштето, кој следната година ќе биде василичарски кум. Интересно е што тој по вторпат стана кум во овие девет години, но поради боледување не беше присутен на прославата за да му се израдува на кумството. Вработените му посакаа добро здравје и што поскоро да се врати меѓу учениците.
Бојан Костадинов беше прв кум пред девет години, следната година паричката заврши кај ИТ администраторот Љупчо Смиљковски. Потоа се посреќи кај Зоран Гиразовски, па кај секретарката Даниела Трајковска, екс-директорот Миле Марковски, Трајче Петровски и Панче Игнатов.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.