
Се ближат третите по ред „Златни денови“ во Кратово, а атмосферата се повеќе зоврива во исчекување на музичките ѕвезди кои ќе ја одбележат оваа реномирана музичка манифестација. Едно е сигурно, главна ѕвезда на „Златни денови“ ќе биде големото име на ју-рокенролот, легендарниот Бора Ѓорѓевиќ и негоиот култен бенд „Рибља чорба“. Бора гостува во Кратово на 9 јули (сабота), а наскоро порталот Аберџија ќе информира и за останатите музички имиња кои ќе настапат на фестивалот.
















