пишува - Оливер Арсовски
Поранешниот голгетер во дресот на Силекс, босанецот Бошко Ступиќ (27) одлучи да се врати во македонското фудбалско првенство, откако во минатото ги бранеше боите на Силекс и Вардар. Тој пред неколку дена имаше повод за двојна радост, откако потпиша двегодишен договор со Работнички, а му се роди и синот Филип од бракот со злетовката Моника.
-Преговорите одеа многу лесно и завршија со потпишување на двегодишен договор. Презадоволен сум што ќе играм за голем клуб како Работнички, а пресреќен што ќе бидам многу блиску со семејството, посебно до мојот син Филип кој се роди пред неколку дена. Сите коцки ми се сложија, останува добро да се подготвам и со многу голови да му се оддолжам на мојот нов клуб. Секако, голем поздрав до моите драги кратовци и читателите на порталот АБЕРЏИЈА – истакна Ступиќ.
Босанскиот голгетер кариерата ја започна во Леотар, а има настапувано и во Младеновац и Истра 1961. Врвот го достигна во дресот на Силекс, каде на 83 меча постигна 42 погодоци.