Центарот за странски јазици и компјутери Ltw - Flowers – Кратово е специјализирано училиште за изучување на странски јазици за сите возрасти и нивоа.
Курсеви
Курсеви за деца од предучилишна возраст
Изучувањето на еден странски јазик е многу битен елемент за правилен развој на детето. Нашето досегашно искуство покажало дека децата учат многу повеќе во најраната возраст и развиваат поголема способност и слобода да комуницираат. Наставата која ние ја организираме за децата од предучилишна возраст се изведува низ низа забавни активности, песни, приказни, со кукли, постери, флеш карти, игри и се разбира специјализирани учебници и DVD изданијаза таа возраст. На тој начин децата се здобиваат со правилен изговор на основниот вокабулар.
Почетни и продолжителни курсеви за основци
Овие курсеви се наменети за ученици од прво до осмо одделение / деветто одделение. При уписот учениците се тестираат за да се одреди нивото на знаење на избраниот јазик. Во првите степени учениците ја изучуваат основата на граматиката, градење правилна структура на реченица, се’до посложени граматички конструкции во повисоките степени. Програмата за основци значително помага во следење на наставата во државните училишта. Посебно внимание се обрнува на техниките на пишување и комуникација.
Курсеви за средношколци
Кај средношколците со претходно познавање работиме на усовршување на јазикот преку пишување на есеи, писма, извештаи, жалби итн. Комуникациските вежби воглавно се одвиваат преку дискусии, дијалози, дебати кои опфаќаат сериозни теми. Се надградува вокабуларот со различни фрази, идиоми, сленгови. Со овие курсеви учениците се подготвуваат за некои од мегународните испити како FCE, CAE или CPE.
Средношколците со слабо познавање следат друга програма која им помага да го надоместат пропуштеното и успешно да се подготват за матурскиот испит.
Курсеви за студенти и возрасни
Во рамките на курсевите за возрасни нудиме интензивна настава во пет нивоа. Возрасните имаат можност да бираат помеѓу општ и деловен јазик. Учебниците за возрасни се разликуваат од детските учебници, бидејќи самите програми опфаќаат теми од современото живеење на човекот. Во програмата за деловен јазик поголем акцент ставаме на конверзација:
- Запознавање со странски деловни клиенти
- Презентации
- Разговор по телефон
- Оставање телефонска порака
- Понуди и барања
- Деловни состаноци
- Покани, предлози, пишување е-маил итн.
Во самите програми се вклучени теми од различни области како медицина, банкарство, информатика, туризам и угостителство
Индивидуални часови
Индивидуалните часови се дополнителни часови за ученици кои имаат потешкотии со наставата во училиште. На индивидуалните часови се работи по училишна програма или по наша програма слична на училишната. Освен индивидуални часови за деца, држиме индивидуални часови за возрасни.
Специјализирани курсеви за фирми
Меѓународни испити
Во училиштето Ltw-Flowers се организира подготовка за полагање на меѓународниот испит:
FIRST CERTIFICATE IN ENGLISH (FCE)
Уписи Септемвриските уписи се во тек 01.09.13 – 19.09.13
Повелете во нашите простории на ул. Гоце Делчев бб или контактирајте не на тел.броеви 076/53-22-51 и 070/77-68-67
https://www.facebook.com/ltw.flowers?fref=ts