Хуманитарната акција за собирање на 54.000 евра за операција на Давид Стојановски во клиника во Виена се одвива забрзано, а донации стигнуваат од сите страни. Пред малку не известија дека Централно-кооперативна банка, која има своја експозитура и во Кратово, уплатила 2.000 евра на сметката на Давид, за да го помогнат неговото лекување во Австрија. Со тоа банката покажа дека е општествено одговорна компанија која води грижа за луѓето на кои им е потребна помош.
Да не заборавиме дека животот на Давид ќе продолжи и по операцијата во Виена, дека ќе му бидат потребни средства за продолжување на лекувањето во Скопје, за потребните лекарства, за квалитетно школување. И да не заборавиме дека неговото петчлено семејство живее во две мали сопчиња, а Давид и неговата сестричка имаат потреба од детска соба, која благодарение на добрите луѓе, убедени сме дека наскоро ќе ја добијат.
Централно-кооперативна банка му додели 2.000 евра на Давид за лекување во Виена
Најново
![]() | Денеска | 5509 |
![]() | Вчера | 2862 |
![]() | Оваа недела | 13133 |
![]() | Минатата недела | 22492 |
![]() | Овој месец | 59186 |
![]() | Минатиот месец | 102633 |
![]() | Вкупно | 22352601 |