
Порталот www.aberdzija.com на работниците им го честита 1-ви Мај, денот на трудот, денот кога се слави борбата за работнички права. Кај нас овој ден со децении се слави на (не)вообичаен начин, со вртење скара и пиво на излетничките места. Годинава, за жал, состојбата со коронавирусот и полицискиот час не дозволуваат долга мераклиска прослава на зелено, па затоа повеќето граѓани излетничката трпеза ќе ја постават на десктоп-позадината на Windows...
















