gogo

A+ R A-


Чудо од слика: Оптичките илузии на овој фотограф ќе ве изненадат

30-годишниот Ерик Јохансон, Швеѓанец кој живее во Берлин, спојува стотини фотографии во една оптичка илузија која е толку реална, што ќе ви биде потребно време да утврдите што е реално, а што не.

За да направи една оптичка илузија, Јохансон мора со месеци да фотографира детали кои потоа внимателно се поклопуваат со помош на компјутер.
Тој има талент здодевните пејзажи да ги претвори во, како што вели, "надреални сцени со доза на хумор".
alt"Јас не овековечувам моменти, туку идеи", вели овој генијалец.
Швеѓанецот прави автомобили наизглед да возат наопаку, и ги брише границите меѓу ентериерот и екстериерот.
Сè што ќе замисли, тој знае да го претвори во своевидно уметничко дело.
"Ме инспирираат секојдневни предмети и појави. Тајната е во тоа да се заземе различна гледна точка", вели Јохансон.

www.tocka.com.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.