Песната „Да сам слнце Јагудо“ е стара изворна песна која потекнува од кривопаланечко, поточно од околината на селото Станци. Благодарение на гусларот Досе од село Станци, истата ја преработи музичарот Цане Петров, а ја испеа Влатко Алексовски. Истата е дел од ЦД-то „Етно ризница“, проект на Драган Митевски.

















