gogo

A+ R A-


Даниела Трајковска нова василичарска кума во СОУ „Митко Пенџуклиски“

Веќе седма година по ред се делеше лепче со паричка за Стара Нова година во кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Овој пат и се посреќи на Даниела Трајковска, секретарка во училиштето, која следната година ќе биде василичарски кум. Интересно е што таа по вторпат стана кум во овие седум години.
Прв кум беше ликовниот педагог Бојан Костадинов, следната година паричката заврши кај ИТ администраторот Љупчо Смиљковски. Потоа се посреќи кај Зоран Гиразовски, па кај секретарката Даниела Трајковска, екс-директорот Миле Марковски и Трајче Петровски.
фотографија на Митко Пенџуклиски - Кратово (средно училиште)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.