Стоматологот д-р Трајче Аритонов од стоматолошката ординација „Д-р Аритонов“ ги посети дечињата од градинката „Царка Андреевска“ во Кратово, во рамки на проектот „Моја хигиена - моја навика“. Тој им подели совети на дечињата околу хигиената на забите, ги едуцираше како правилно да ги четкаат забите и колку често да ги мијат забите. Дечињата со голем интерес ја проследија средбата, а на крајот добија подарок четка за заби и забна паста.




















