Околу педесетина дечиња, едно до друго, рака за рака. Испреплетени прстиња и разиграни нозе. Најмалите членови од кратовското Културно уметничко друштво ,,Ефрем Каранов’’ во саботата (30.05.2015) имаа настап во Општина Радовиш. Tие настапија на фестивалот ‘’Оро весело’’. На фестивалот учество земаа и друштва од други држави и градови како: Кочани, Крива Паланка, и нашиот источен сосед Бугарија. Играорците пред настапот ја посетија добро познатата и грациозна црква ,,Св. Троица’’ во самиот град Радовиш. А неколку дечиња заедно со нивните кореографи беа на прием кај градоначалникот на Општина Радовиш господинот Сашко Николов. Сите учесници своите носии ги претставија преку дефиле низ градот.
Настапија со орото ,,Пајдушко’’, ,,Црногорка’’ и ,,Буфчанско’’.
Овие играорци го покажаа своето знаење, нивната љубов кон орото и негувањето на фолклорот. Уште едно искуство плус во низата. А лицата на задоволните родители и гордоста лесно можеше да се забележи. Жаклина Георгиевска
Дечињата од КУД „Ефрем Каранов“ се претставија во Радовиш
Најново
![]() | Денеска | 2050 |
![]() | Вчера | 8164 |
![]() | Оваа недела | 17591 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 105939 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21159875 |