gogo

A+ R A-


Денес е ПЕТОК 13-ти, дали е баксузен или носи среќа?

alt

Параскевидекатриафобија. Малку подолго, ама тоа е стручното име на фобијата или стравот од црниот или “петок 13-ти“. Изведена е од грчките зборови “параскеви“- петок, “декатреис“ – тринаесет, “фобија“- страв. Од ваква фобија страдал Френклин Рузвелт, кој на овој ден во месецот не патувал, ниту пак на масата нагостувал 13 гости.

Секоја година има најмалку еден петок 13, а најмногу три. Иако се работи за “нововековен“ страв, овој ден само американскиот бизнис го чини милијарда долари, затоа што работниците не се појавуваат на работа или намерно го пропуштаат закажаниот лет.

Сепак овој датум во свеста на луѓето предизвикува реален страв.

Во христијанската традиција овој број се врзува за 13-те гости на Тајната вечера и тоа дека Исус бил распнат на крст во петок, а тука е и верувањето дека 13-тиот гост на вечерата го издал Исус.

На петок 13 во октомври 1307 година францускиот крал Филип IV наредил да се уапси Жак де Молај, последниот голем мајстор на Темпларите. Уапсени се илјадници француски Темплари, повеќето биле убиени, а Молај бил запален.

Постои приказна и дека морнарите одбивале да се качат на брод во петок поради празноверие, па затоа во 19 век од “инат“ бил направен брод кој се викал H.M.S Friday. Овој брод тргнал на патување на петок 13, па дури и капетанот бил избран со име Џејмс Фрајдеј, но на првото патување, бродот воопшто не се вратил.

Во британската традиција петок бил вообичаен ден за јавни бесења, а до јажето воделе 13 скали.

Во ноември 1970 година на петок 13-ти голема јужноазиска бура убила 300 илјади луѓе, а во 1993 година Бритиш Медикал Журнал објавил студија во која неколку години биле споредувани бројот на несреќи на петок 13 и петок 6-ти. Било утврдено дека на петок 13-ти бројот на несреќи е поголем за 52 отсто, па им било сугерирано на читателите да останат дома.

Сепак не е се така страшно, тој ден луѓето се повнимателни и статистиката покажува благ пад на несреќните случаи на петок 13, кој е по себе прв ден на викендот со зголемен проток на луѓе, настани и алкохол. Со тоа и зголемен број на несреќи се случуваат токму во петок.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.