Нема кој не слушнал за кантарион, мајчина душица, слез или камилица, но ретки се оние кои слушнале за „деведесил“, лековита билка која ја има во атарот на кратовското село Куново и за која се врзува интересна легенда. Оваа билка е исклучително полезна при лекување на грчеви и ублажување на болки во телото, а името го добила по тоа што се смета од дамнешни времиња дека лекува од 99 болести.
А сега збор-два и за легендата поврзана со оваа билка. Светиот отец и испосник Гаврил Лесновски живеел во две испоснички ќелии во Осоговските планини. Еден ден кога се вратил во ќелијата, во неа го пречекала прекрасна девојка во которска носија. Свети Гаврил не подлегнал на искушението, а во девојката го препознал ѓаволот. Откако ѓаволската девојка побегнала на една блиска карпа, свтецот го заплукал ѓаволот со зборовите: „Каде ќе падне моја плунка, таму нека никне деведесил и од 99 болести нека лекува“.
Тоа место во куновско е познато како Облово. Некои луѓе подоцна се обиделе да ја пресадат на друго место, но никогаш не се прифатила.