gogo

A+ R A-


Добра вест за учениците: распустот ќе трае до 23 јануари

http://www.medicinskaskola.rs/wp-content/uploads/2016/01/Raspust_xD_1343384573.jpegНаместо второто полугодие во училиштата да започне на 18 јануари, тоа ќе започне на 23 јануари поради ситуацијата со грипот во државава. Ова на прес конференција го изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

„Донесовме мерка за продолжување на зимскиот распуст до 23 јануари. Оваа мерка е повеќе од потребна, имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на заболени од грип од нула до 14 години во време на распустот“, изјави Тодоров.

Покрај оваа мерка, секојдневно ќе се врши и темелна дезинфекција на организираниот јавен сообраќај во државата, а пред почетокот на второто полугодие ќе се изврши и темелна дезинфекција на сите училишта.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.