Русија повторно ја шокира јавноста, деца облечени само во долна облека излегуваат на снегот и си поливаат кофа ледена вода врз целото тело. Уште пострашно е дека стануза збор за Сибир, а децата се на возраст од 3 до 6 години. Станува збор за „секојдневен ритуал“ каде што според руските лекари децата би биле поцврсти и ова добро ќе им влијае на здравјето.
Младите се под постојана лекарска контрола, а воедно за ваквото туширање е неопходно и одобрение од родителите од кои доста се согласуваат.Колку и да изгледа чудно, страшно и смрзнувачко, децата на видеото се воодушевени и уживаат во поливањето и не му се плашат на големиот студ, а пред да истрчаат на снег, децата прво ги „загреваат“ во сауна.Видеото е снимено прд недела време кога нивните темератури не биле толку ниски, поточно температурата била од минус 18 до минус 6.
Инаку, ниедно дете не е принудено да се полива на снегот, но сепак има деца кои иако не одат во градинка, доаѓаат од дома за да им се придружат на „церемонијата“. И во другите сибирски градинки е почнато применување на овој систем на челичење на децата, а директорката на една од нив вели дека претходно епидемиите на грип биле многу почести кај децата, а денес откако се применува овој метод, воопшто нема грипозни деца, што покажува дека ова не е толку страшно, напротив ги зацврстува децата.