gogo

A+ R A-


Џејми Оливер ги учеше децата од Кратово да се хранат здраво

Платото пред Музејот во Кратово беше тесно да ги прими децата од Општина Кратово кои присуствуваа на настанот Револуција во исхраната (Food Revolution), а во соработка со Фондацијата за храна насветски познатиот готвач Џејми Оливер. Оваа програма цели кон промена на начинот на кој луѓето се хранат преку едукација на секое дете, воспоставување на здрави навики во исхраната, посебно нa најмладите! Годинава се одржува за прв пат и главна цел низ целиот свет е да се промовираат принципите на здрава исхрана и создавање на навики за здрав живот. Настанот беше со повеќе интересни содржини, меѓу другото и подготовка на здрава храна од страна на самите деца, театарска претстава и час по самоодбрана.

Совети за здрава исхрана на насобраните деца им делеше и градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, кој имаше свое обраќање.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.