gogo

A+ R A-


Џиновски домат од 1,3 килограми произведен во Кратово

Кратовската земја велат дека е посна, дека нема квалитетен состав и дека ретко дава квалитетни плодови. Ама кога ќе реши да даде, тогаш ги надминува сите очекувања. Така деновиве во дворот на пензионираниот полицаец Жика Златковиќ во Кратово узреал домат со гигантски димензии. Сопственикот Жика, кој е голем љубител на градинарството, го измерил, а вагата покажала 1 кг и 300 грама. Фотографијата од доматот заврши на порталот „Аберџија“ да сведочи за градинарската вештина на Жика, а доматот очекувано заврши во голема чинија „шопска“ за соседите кои наминале да го видат чудото од патлиџан.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.