gogo

A+ R A-


Ексфудбалерот на Силекс, Стојан Игњатов, доби син во новогодишната ноќ

пишува - Оливер Арсовски

На македонскиот фудбалски интернационалец на Кипар, Стојан Игњатов, Дедо Мраз во новогодишната ноќ му го донесе најубавиот подарок, синот Максим. Пресреќниот пробиштипјанец ни раскажа дека малку недостигало бебето да се породи во ресторан во Ларнака, на дочекот на Нова година.

-Иако сопругата Маријана беше пред пораѓање, сепак одлучивме со пријателите да ја славиме Нова година во еден ресторан во Ларнака. Во раните утрински часови сопругата почувствува болки и веднаш заминавме во една приватна болница во Ларнака, каде во попладневните часови на 1 јануари ни се роди синот Максим. Кумата го избра името Максим, бидејќи значи "најголем". Ова ни е прво дете, а планираме да имаме и второ. Не би имал ништо против доколку стане мој наследник на зелените терени, но под услов да биде поуспешен од мене. Што се однесува до мојата кариера, јас сум во Етникос под договор до мај, а потоа ништо не се знае – ни рече пресреќниот татко. Игњатов кариерата ја започна во Силекс, играл и за Работнички, а во странство настапувал во Самсунспор, Пекинг Гуан, Поли Јаши и Етникос Ахна.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.