
Автомобилот „Порше Кајман“ од наградната игра на Т-Мобајл падна во Кратово. Среќна добитничка е кратовчанката Емилија Симонова, вработена како професор по македонски јазик во основното училиште „Кочо Рацин“. Белото Порше со розови линии ќе биде прво Порше кое ќе се вози по кратовските сокаци и калдрми, а вредноста на автомобилот се движи околу 50.000 евра.
Порталот АБЕРЏИЈА и честита на Емилија Симонова за освоената награда.

















