Кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска откако ја најде новата Есма во Елеонора Мустафова, не се одвојува од неа ни минутка. Наследничката секаде ја придружува новата мајка, а така беше и пред некој ден кога заедно се појавија на една модна ревија.
Кралицата има изгледано 47 сина, а Елеонора и е прво женско дете. Откако пред три години беше откриен нејзиниот талент, Елеонора стана дел од семејството на Есма, иако родена кратовчанка новиот ангажман ја донесе во Скопје во домот на легендарната пејачка. Елеонора е студентка, а Есма ја учи на правилна дикција, дишење и држење. Пред три години на аудиција Елеонора беше избрана да биде дел од Есмас бенд, односно Ансамблот Теодосиевски, затоа што по бојата на гласот најмногу потсетувала на Есма.
www.vecer.com.mk