gogo

A+ R A-


Еуфорија, солзи и труби на матурската прослава во Кратово (ВИДЕО)

Еуфоријата на матурските прослави ја тресе целата земја, а синоќа и матурантите од средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово во незаборавна атмосфера и скапи тоалети го одбележаа денот на зрелоста. Матурантите цела година ја чекаат оваа вечер, кога треба да се покажат најновите модни парчиња, скапи тоалети и луксузни автомобили. За родителите, голема радост, но и голем финансиски товар e да се организира прославата, а да не се одрази на домашниот буџет. Се чини, разделбата со учениците најемотивно ја доживуваат нивните професори, кои често со солзи во очите се разделуваат од своите ученици.

- Во нашето училиште традиција е матурантите по лудата и незаборавна матурска ноќ, следното утро во одела и свечени фустани да го посетат училиштето и со звуците на трубачките оркестри да се простат од училиштето и професорите. За нив тоа значи непроспиена ноќ, но за нас е голема чест. Ќе капне и по некоја солза, некогаш ќе се скрши и некоја чаша, но спомените остануваат засекогаш – велат наставниците во училиштето.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.