gogo

A+ R A-


Еве ги најголемите ѕвезди во тимот на Вадуц, главна манга е Зарате

На 48 часа пред почетокот на првиот меч меѓу Вадуц и Силекс од Лига Европа, порталот Аберџија направи анализа од каде ќе доаѓа најголемата опасност по голот на кратовци. Во отсуство на албанскиот репрезентативен напаѓач Армандо Садику, кој по позајмицата пред неколку дена се врати во Цирих, главна закана за голманот Вујанац ќе биде аргентинецот Гонзало Зарате. Зад вој 31-годишен напаѓач стојат импресивни бројки, односно над 190 настапи во дресот на Ред Бул Салцбург, Грасхоперс и Јанг Бојс и 37 голови.
Не помало искуство има и Морено Костанцо, кој неколку години играл со успех во Јанг Бојс и Сен Гален, а потенцијал поседува и Дејан Јањатовиќ, кој потекнува од младинската школа на Баерн Минхен, како и Али Месуд, кој играл со успех во холандскиот Вилем II.
Извонреден голман е Франц Бургмајер, кој има 99 настапи на голот на Лихтенштајн, а бранел и за Базел, Арау и Дарлингтон.http://www.fcvaduz.li/contortionist/0/contortionistUniverses/394/img/-57483527/522121673.jpg

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.