Низ цела Бугарија утрово се слави празникот Богојавление или по тамошно Јордановден, а традиционано најхрабрите влегуваат во студените води на реките и езерата. Традиционалното „машко оро“ со тапани и песни се играше во ледените води на реката Тунџа во Калофер Ова орово Калофер е уникатно и се игра само во градот повеќе од 100 години.Â
Не само во Калофер, туку и во сите делови на Бугарија, луѓето велат дека кој и да е, не се разболил откако влегол во ледената вода и не го фаќа студот. Доколку има мраз во водата, тогаш годината ќе биде бериќетна со здравје за верниците.