gogo

A+ R A-


Еве како се заработува и до 5.000 евра од собирање шумски плодови

http://doktori.mk/files/upload/866/list_1.jpgМакедонија изминативе неколку години засади милиони садници во рамки на акцијата „Засади дрво“. И во Кратово и околината се засадија неколку стотици илјади садници, најмногу бор, чемпрес и багрем. Акцијата заслужува честитки, па дури и неколку европски земји восхитени од идејата, најавија слични акции. Сепак, читајќи ја приказната за десеттици семејства од дебарско кои есенва заработија илјадници евра од собирање плодови во природата, останува по малку горчлив вкус во устата. Зарем не беше подобро да садиме костени, лешници, аронија, боровинки, па за неколку години граѓаните да го собираат плодот од овие многу „издашни“ дрви и да остваруваат приходи. Во продолжение, прочитајте ја приказната за дебарчани кои максимално ги користат плодовите на природата, а некои од нив само од собирање костени заработиле и до 5.000 евра.

Рекорден род, голем интерес за откуп и полни џебови со пари е најкусиот приказ за костенопроизвоството во Дебарско годинава. Дебарското подрачје има околу 280 хектари насади со костен од каде што повеќе од 250 семејства собраа над 400 тони.

kosteni2

Kостенот најмногу го има во пограничните села Kоњаре, Бомово, Селокуќи, Џепиште, Отишани, како и во селото Горенци во општина Центар Жупа. По својот квалитет е познат и костенот од долнореканското село Скудриње. на големо костенот се откупуваше по 50 денари – вели Лири Делиши, началник на Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар,  пишува Дневник.

Производителите заработија од 1.000 до 5.000 евра. А интересот за откуп, кој беше пројавен пред бербата, ги натера и оние што никогаш или ретко ги береле, сега да го соберат родот до последен костен.

- Нашата фамилија има костенови градини во Бомово, кои припаѓаат на татко ми и на чичко ми. Татко ми е починат, а брат ми со семејството е во САД каде што е и чичко ми со целото семејство. Тие ми рекоа дека може да ги берам костените. Искрено, досега поради неорганизираниот откуп и ниската цена со семејството, собиравме само колку да имаме дома и да им дадеме на пријатели. Годинава јас, сопругот, двата сина и снаите максимално се ангажиравме, но ни се исплати. Заработивме 5.000 евра – вели дебранка, која не сакаше да биде објавен нејзиниот идентитет.

Семејствата на браќата Атли и Дилавер Дема, и двајцата невработени, годинава се опарија со по две, односно три илјади евра. Нашите костени, како што велат тие, се пласираат во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Романија… Дебарскиот костен е познат и признат по својот квалитет. Kостеновите насади во овој регион се автохтони и се прошируваат по природен пат.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=CB954C6C94F1AE4DB3857BB0B0CABAE2

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.