Дали се сеќавате на вашиот прв мобилен телефон? Ако размислите колку време поминало од тогаш и колкава разлика имаат денешните мобилни телефони, од првите вакви уреди ќе заклучите дека на ова поле има постигнато огромен напредок.

Секоја нова апликација за смартфон некако го менува човековото секојдневие. Во наредните десет години, телефоните ќе стануваат се „попаметни“ и она што допрва доаѓа се нови промени кои значајно ќе го изменат вашиот живот, пишува CNN.
1.Телефонот ќе стане ваш личен асистент
По појавување на Siri на Apple, отприлика добивме претстава во кој правец ќе се движи мобилната технологија. Очекувано е во наредниве неколку години да се појават бројни слични сервиси, кои ќе се стремат кон поголема персонализација во корист на корисниците. Нашите телефони ќе знаат кои се нашите потреби, а сигурно ваквите сервиси ќе добијат и свој изглед, па веќе нема да комуницираме со празен екран. Не би изненадило ако тука Холивуд се вмеша, и ликовите на тие виртуелни асистенти да бидат некои телевизиски или филмски ѕвезди
2.Одредени смартфони нема да имаат екрани
Ако мислите дека екранот на вашиот телефон е важен дел, еве една интересна информација – во иднина одредени телефони нема да имаат екрани. Смартфоните ќе бидат активирани со допир или гласовно.
3.„Проширената“ реалност ќе го олесни животот
Со помош на новите камери ќе може да го набљудуваме светот околу нас на сосема различен начин. Доволно ќе биде да го насочите телефонот во саканиот правец, а Augmented Reality апликација ќе ви даде слика со потребни информации и детали, понекогаш невидливи со голо око.
На пример, кога би оделе на планинарење, доволно ќе биде само да ја носочите камерата на телефонот кон одредено место, и ќе добиете информации за планината, патеките и други корисни нешта. Истото важи и добивање на информации за одреден производ кој сакате да го купите.
4.Смартфоните ќе имаат 3D дисплеј и пребарувач
Наместо досегашното прелистување на интернет страници, во иднина ќе може да ѕирнете во посакуваниот простор. Нема да морате да читате опис за некоја ново отворена спортска сала, туку со помош на смартфонот ќе може да прошетате низ истата. Предмети ќе „излегуваат“ од нашиот екран, а за ова да се гледа не мора да се носат 3D очила.
5.Вашиот смартфон ќе стане ваш паричник

Во иднина, сè уште ќе се користат готовина и кредитни картички, но сè повеќе услуги и нешта ќе може да се плаќаат во помош на мобилните телефони.
Како што сега постојат читачи на кредитни картички, така ќе функционираат и читачите на NFC чиповите кои се наоѓаат во нашите телефони. Доволно ќе биде да го поставите телефонот до читачот и со тоа ќе бидат „повлечена“ паричната вредноста. Поради безбедноста, можно е покрај читање на чипот, да биде потребно и отпечаток од прст или препознавање на гласот, за да се изврши парична трансакција.