gogo

A+ R A-


„Европски фестивал на тамбурашки оркестри“ по осми пат во Кратово

 

Резултат со слика за тамбурашки оркестри кратово

Под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот на општина Кратово, во организација на Здружението зa култура и уметност “Св.Ѓорѓи Кратовски“ од Кратово по осми пат се одржува меѓународната манифестација “Европски фестивал на тамбурашки оркестри“- Кратово 2018. Оваа манифестација претставува бренд на градот Кратово, вековна традиција на гаење на македонската староградска музика, преку која истотака го промовиравме нашето културно и музичко творештво.

Фестивалот е од меѓународен карактер и е ставен на Агендата на Европскиот тамбурашки сојуз за одржување на фестивали од Европски ранг. На фестивалот кој ќе се одржи во сабота (07.07.2018 год.) во Мултимедијалниот центар (Кино сала) во Кратово со почеток од 21 часот ќе учествуваат оркестри и истакнати поединци од областа на тамбурашката музика од Балканските земји.

По тој повод сакаме да Ви упатиме Покана за Ваше присуство на фестивалот.

ЗКУ “Св.Ѓорѓи Кратовски“- Кратово

Претседател: Милош Димитровски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.