Откако лани се закитија со сребрен медал, учениците - фудбалери од кратовскиот интернат отидоа чекор подалеку и се закитија со злато на натпреварот „Домијада 2014“. На турнирот кој се одржа викендов во Струга, учениците од „Митко Пенџуклиски“ во полуфиналето го совладаа тимот од Кавадарци со 7-1, а во големото финале го декласираа тимот од Битола со 5-1. Во составот на кратовскиот интернат настапија Кристијан Блажев, Милко Кочовски, Роберто Стојков, Ненад Стојанов, Јован Ѓорѓиевски, Тоше Манов и Александар Младеновски, а под водство на професорот по спорт Ана Марковска - Јанева.


















