gogo

A+ R A-


Фудбалерот Мециновиќ би играл и за џабе за да биде покрај кошаркарката Едина

altЉубовните врски меѓу активните спортисти речиси секогаш резултираат со ретки средби и љубов преку телефон. Уште ако двајцата настапуваат на различни континенти, тогаш копнежот е уште поголем. Токму тоа им се случува на фудбалерот Јасмин Мециновиќ и кошаркарската репрезентативка Едина Муса. Јасмин фудбалскиот леб го вади во Унгарија, а Едина веќе две години се наоѓа во Тенеси (САД), каде се школува и ја усовршува кошаркарската игра.
-Една година сме заедно со Едина, но и покрај големата оддалеченост и многуте обврски, успеваме да најдеме начин за да се гледаме. Зимата бев кај неа во Америка и поминавме заеднички одмор во Мајами. Ова лето и двајцата имавме обврски и не успеавме да отидеме на одмор. Да имаше фудбалски клуб во Тенеси, ќе потпишев и за без пари за да бидеме заедно. Вака останувам во унгарското првенство, но во нов клуб. Откако Егри испадна, викендов потпишав тригодишен договор со Ломбард Папа. Малку недостигаше да се договорам со Дебрецен, но и Ломбард има тим за респект. Се надевам дека со добри игри ќе добијам повик во репрезентацијата – ни рече Мециновиќ.
Младиот дефанзивец кариерата ја започна во второлигашот Скопје, а има играно и за молдавскиот Шериф, норвешкиот Согндал и унгарскиот Егри.   Оливер Арсовски


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.