gogo

A+ R A-


Фудбалерот Мишовски и Христина наскоро ќе скокнат во „тавче“

Се помоливме на „св. Јоаким Осоговски“ за здравје и брак

пишува - Оливер Арсовскиalt

            Капитенот на кратовски Силекс, Никола Мишовски - Коко, веќе подолг период го следат малери на фудбалски план. Откако не успеа летово да направи трансфер во странство, во јули си го повреди коленото и подолг период ќе отсуствува од зелените терени. По направената операција на отстранување на рскавицата, популарниот Коко го започна периодот на рехабилитација со прошетка до манастирскиот комплекс „св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде со својата девојка Христина се помолија за здравје, но и успешно преточување на врската во брак.

            -Со Христина сме заедно девет месеци, живееме заедно и веќе чувствувам дека е дојдено време да ја побарам за сопруга. Заедно го посетивме прекрасниот манастир во Крива Паланка за да се помолам за што побрза рехабилитација и враќање на теренот. Но, не кријам дека упативме заедничка молитва со Христина да останеме неразделни до крајот на животот. Иако минувам низ тежок период на спортски план, Христина ми е огромна духовна поддршка да излезам посилен по повредата – ни рече Мишовски, без кого одбраната на Силекс прими дури 13 погодоци на 6 меча.  

(сторијата е објавена во www.vest.mk)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.