Политичарот со можеби најдолг стаж на македонската политичка сцена, Љубисав Иванов - Ѕинго, денес го прослави 79-тиот роденден. Иако веќе некое време е во политичка пензија, сепак, газда Ѕинго остана верен на фудбалот, па иако во длабока старост, не пропушта ниту еден меч на својот Силекс. Токму денес, на неговиот 79-ти роденден, фудбалерите на Силекс му подарија солидна фудбалска претстава против фаворизираниот Работнички, во меч во кој само судиските неправди спречија славеничка атмосфера на стадионот во Кратово. Сепак, фудбалскиот мецена знаеше со аплауз да го награди залагањето на своите фудбалери, а тие по завршувањето на мечот се качија во ложата и лично му го честитаа роденденот.
На честитките се придружува и порталот „АБЕРЏИЈА“, посакувајќи му на газда Ѕинго добро здравје и уште многу спортски успеси преку неговиот фудбалски миленик Силекс.