По една година во редовите на Академија Пандев, Никола Вујанац, екс-голманот на Силекс, како слободен агент се договори со уште една струмичка екипа, Беласица. 26-годишникот од Силекс ги засили „пандевци“ минатото лето, но по истекот на договорот не го продолжи истиот. Поради тоа пронајде нова средина каде се обврза да остане во наредните сезони.

















