gogo

A+ R A-


Гостилница „Кај Спиро“ - уживање под 6-вековните кратовски борови

alt

Под дебелата сенка на шествековните кратовски борови, во самиот центар на Кратово, се наоѓа гостилницата „Кај Спиро“. Лоцирана во прочуениот објект познат како „Домче“, во местото викано „Карши бавча“, гостилницата претставува пријатно катче каде може да одморите, да вкусите прекрасни кратовски специјалитети, да густирате кратовски вина и ракија.alt

 

 Располага со 50 седишта внатре во ресторанот и 50 седишта надвор, во прекрасната градина со поглед на средновековните борови и мостот на Манцева река. Во близина, на само 100 метри оддалеченост, се наоѓа бесплатен паркинг-простор. Во рамки на комплексот „Карши бавча“ има прекрасен забавно рекреативен парк,а на само стотина метри над гостилницата се наоѓа прекрасен видиковец од кој се пружа најубавата панорама на градот Кратово.

alt

 

altЗа викендите во гостилницата свири бенд кој се грижи за пријатното расположение на ценетите гости. Она со што посебно се гордеат вработените во гостилницата е прочуената „кратовска пастрмајка“ приготвена со домашно пушено месо, гарнирана со луто кратовско феферонче и залиена со домашно кратовско црвено вино. Секој кој го пробал овој неповторлив кратовски специјалитет, барем уште еднаш во животот се навратил за да повторно ужива во неповторливата пастрмајка.
 Вредниот персонал е тука за да ви ги овозможи следниве свечености: приватни вечери, бизнис средби, родендени, пензионирања, годишнини, приеми, коктел забави, промотивни активности и презентации.

телефон  077-706-108


alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.