Тимот на готвачи на Македонската Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, составен од шеф Бобан Билбиловски, Лирим Даути и
Цветанче Тодоровски, се натпреваруваа на Првиот интернационален гастрономски натпревар во Измир, Турција, кој се одржа од 06 до 08 мај. Тимот на ГастроМак Македонија се натпреваруваше во категоријата приготвување на риба, при што со нивните кулинарски вештини и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на интернационалното жири, а освоија и три златни медали.
„Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажаа дека можат да се носат рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија. Уште повеќе, да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии“’, изјави претседателката на асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.