gogo

A+ R A-


Готвачот Цветанче Тодоровски со „Златно Гран-при“ се врати од Ниш

altТимот на готвачи на ГастроМак Македонија, кој што беше во Србија и кратовецот Цветанче Тодоровски од Кратово, се натпреваруваа во категоријата приготвување неколку јадења од риба: јадење од риба, филитирање риба, чорба од риба и паприкаш, при што со неговата кулинарска вештина и креативност ги задоволи највисоките критериуми на натпреварот и ги освои симпатиите на интернационалното жири. За неполна година тој го освои и третиот златен медал и го доби престижното ЗЛАТНО ГРАН-ПРИ. alt
-Македонскиот готвач-шеф Цветанче уште еднаш покажа и докажа дека може да се носи рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија, да иновираа, да експериментираа и да ги наметне своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии. Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација, исто така ми е чест да вложувам во Цветанче зашто тој ми е оставил впечаток кај мене кога се запознав пред неполни скоро пет години кога бев поканета од локалната самуправа општина Кратово, од градоначалникот Мите Андоновски за реализирање на мојата емисија „Вкусот на Традицијата“ во Хотел Кратис. Цветанче е еден од најмладите шефови во Гастро-мак и е многу постигнал зашто тој работи како што треба, зашто тргна по подобриот пат што го чека во иднина, тој ке остане замене запаметен како еден од врвен гастрономец. Јас и altЦветанче ке продолжиме со истото тепо да работиме и да придонесеме за нашата држава и гастрономијата , изјави претседателката на асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.
ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ја претставува Македонија во WACS во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.