Во Црна Гора ситуација за Гинис, се одигра фудбалско коло во кое не падна ниту еден погодок. Иако фановите сигурно не уживаа во овие дуели, овие натпревари ќе бидат тема на дискусија се чини уште долго.
Во прашање е 18. коло во втората црногорска лига, во кое беа одиграни пет натпревари на кои не се случи апсолутно ниту еден погодок.
Актуелниот лидер, Ибар од Рожај ремизираше на свој терен со Ком, а без голови заврши и дуелот помеѓу Челик и Олимпик, идентично како Беране и Цетиње, Братство и Раднички Беране, и Језеро – Морнар. Сите овие натпревари попладнево завршија со резултат 0:0, што е ситуација вредна за трка во Гинисовата книга на рекорди.